Пакет за фотографирање за табло

Нашето задоволство е секогаш големо кога може да ги израдуваме нашите клиенти со нови услуги и комплетен изглед преку кој ќе го истакнат својот стил.

 

Во пресрет на актуелните фотографирања за табло, нудиме комплетен изглед на фризура и шминка. Имајќи го во предвид нашето искуство за ваков тип на претставувања сигурни сме дека е ова еден од моментите на кои сакате со задоволство да се сеќавате.

 

Нашиот тим од Cut&Cut во соработка со Хиба Арслани ќе се погрижи вашиот спомен да го вброите меѓу најубавите. Тајните на светските шминкер мајстори на Диор чии часови ги посетуваше Хиба Арслани може да ви бидат доволна гаранција дека ќе блеснете во посакуваното издание. За да ги видите нејзините креативни дела клик... https://www.instagram.com/hiba.makeup/

 

За сите табло фотографирања потребно е терминот да го закажете навреме. Цената за комплетниот третман е 1.500,00 ден.

 

Закажувањето е на тел бр. 3120 235 и 070 600 183

Назад